Продавници во Куманово продавале облека и обувки со фалсификувани марки

Сподели со своите пријатели

Во седум од десет објекти кои биле контролирани во Куманово, надлежните пронашле и заплениле облека и обувки со фалсификувани марки.

Loading...

– На 08.02.2025 во периодот од 10.00 до 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по планот за сузбивање на нелегалната трговија со фалсификувани трговски марки, извршија контроли во 10 продажни објекти за текстил и обувки на подрачјето на Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контролата, како што додаваат од МВР, во седум од објектите биле пронајдени и одземени вкупно 2403 пачиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германец се обидел да влезе преку Табановце со дрога, ножеви, солзавец и електрошок

Изготвени се записници за констатирана состојба.

Никола Ивановски