Приведени криумчари на мигранти во липковско

Сподели со своите пријатели

Две лица од Липково и Куманово, биле приведени вчеравечер под сомнение дека криумчарат мигранти во липковското село Лојане.

Loading...

– На 01.10.2024 во 19.40 часот во с.Табановце, кумановско, на крстосница кон с.Лојане, липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода  Б.Р.(41) од с.Матејче, липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле  пронајдени две лица мигранти од Непал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште една кумановка наседна на биткоин измама: Останала без 88.000 денари

– Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски