Приведени двајца дилери во Куманово: Затекнати како пакуваат дрога (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово вчера биле приведени откако полицијата при претрес ги затекнала како пакуваат марихуана, а покрај тоа биле пронајдени и разни други видови наркотици.

– На 15.06.2022 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.В.(22) од с.Тромеѓа, кумановско и Д.Ј.(19) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

Loading...

 

При претрес во домот на Н.В., извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба.

Притоа, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни најлонски опаковки и фолии за пакување, нотес со клиенти, неколку прачки експлозив и неколку детонатори, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

 

Loading...

 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски