Четири лица, меѓу кои и две малолетни, биле приведени ноќва откако биле затекнати при обид за кражба во поранешниот „Монопол“.
Loading...
– На 29.03.2025 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.Р.(42) од Куманово, Т.И.(33) од Виница и двајца малолетници. Тие биле затекнати во објект во кругот на поранешен Тутунски комбинат Куманово при обид да одземат предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски