Приведена кумановка. Полицијата ѝ пронашла пиштол на викендица.

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишна кумановка била приведена вчера откако полицијата на нејзината викендица пронашла пиштол.

Loading...

– На 17.04.2025 во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода К.К.(44) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, при претрес во нејзината викенд куќа, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“.

Таа била приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велигденски хуманитарен концерт во Куманово