Приведена кумановка која со малолетно дете питачела на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишна кумановка била приведена вчера на Граничниот премин Табановце поради тоа што питачела со малолетното дете.

Loading...

– На 01.05.2025 во 18 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.Р.(22) од Куманово, затоа што на граничниот премин Табановце била затекната при питачење со малолетно дете, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Д.Р. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два случаи на семејно насилство пријавени вчера во Куманово