Приведена кумановка, кај неа пронајдени наркотици

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишна кумановка била приведена вчеравечер откако полицијата кај неа пронашла супстанци за кои се сомнева дека се наркотични.

– На  17.04.2025 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Н.С.(44) од Куманово затоа што кај неа биле пронајдени кафеава прашкаста материја и грутчеста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово со кривични за 11 лица поради малверзации со увоз и регистрација на возила