Приведен жител на Старо Нагоричане. Возел со 1,78 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка вчера попладне бил приведен возач кој возел со 1,78 промили алкохол во крвта.

Loading...

– На 01.05.2025 во 18.20 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ц.(44) од село Жегљане, општина Старо Нагоричане, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени возачи во Куманово, возеле под дејство на алкохол

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од полицијата.

Никола Ивановски