Триесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако бил затекнат при обид да изврши кражба од деловен објект.
Loading...
– На 14.11.2023 во 15.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(31) од Куманово. Тој бил затекнат на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово при обид да одземе предмети од деловен објект, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат оттаму, М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски