Приведен кумановец за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера поради издржување затворска казна.

Loading...

– На 21.08.2023 во 13.25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(34) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

– Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната, додаваат од кумановската полиција.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Камери за сообраќајни прекршоци во Куманово од 2025 година