Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен ноќва по пријава дека допирал по тело и се заканувал на 28-годишна девојка.
Loading...
– На 18.03.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека допирал по телото и се заканувал на 28-годишна жена од Куманово, со која се познавале од претходно, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, С.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски