Приведен кумановец баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен кумановец баран со потерница за издржување казна затвор бил приведен денеска на пладне.

Loading...

– Денеска (11.08.2023) околу 12 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на ул. „Димче Милошевски“ во Скопје го лишија од слобода И.Н. (43) од Куманово, со привремено престојувалиште во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата тој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор од една година и два месеца, а во врска со член 236 од КЗ.

– Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, стои во соопштението.

Никола Ивановски