Приведен 30-годишен крадец од Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен крадец од Куманово вчера бил приведен под сомнение дека ограбил деловен објект.

Loading...

– На 30.07.2022 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(30) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој се сомничи дека на 27.07.2022 со употреба на сила влегол во деловен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово и одзел предмети.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!