Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.И. (38) од Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 22.06.2018 година, врз основ на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом во село Черкези при што биле пронајдени една автоматска пушка со две рамки со 45 куршуми калибар 7,62х39 мм.
Од страна на Судија на претходна постапка на Б.И. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.