Притвор за четири лица приведени во Ваксинце заради криумчарење мигранти

Сподели со своите пријатели

Во Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, пред судија на претходна постапка, вчера беа спроведени 4 лица, државјани на Република Македонија, приведени во полициската акција во с. Ваксинце, со предлог од Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за определување на мерка притвор заради основано сомнение дека го сториле кривичното дело ”Криумчарење мигранти”.

Loading...

Судијата на претходната постапка по ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор, оцени дека се исполенети условите кои произлегуваат од одредбите од Законот за кривична постапла и на две осомничени лица за кривичното дело ”Крумчарење мигранти” од чл. 418 – б ст. 4 во врска со ст. 2 и став 1 од КЗ на РМ, и им одреди притвор во трање од 30 дена, додека на другите две лица осомничени за КД ”Криумчарење мигранти” од чл. 418 – б. ст. 2 во врска со ст. 1 од КЗ на РМ со одреден притвор во траење од 8 дена.