Приодот до полициска станица во Куманово сеуште затворен

Сподели со своите пријатели

Според последната обиколка на терен се забележува дека улицата 11 Октомври е сеуште затворена за сообраќај со поставени полициски коли кај градската Џамија и раскрсницата со улица Доне Божинов. Засега нема најава дека улиците ќе бидат ослободени вечерва. Во градот се забележува намалена фреквенција на луѓе, со неколку отворени дуќани на улица 11 Октомври.

Loading...

Ситуацијата засега е мирна, но во градот се чувствува одредена тензија меѓу жителите кои и понатаму не знаат зошто од вчеравечер  полицијата одлучи да го затвори приодот кон полициската станица и Oпштината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *