Пријавете се за учество во дијалогот на ”Има иднина” што ќе се одржи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Политичкото движење Има иднина ја информира јавноста дека од 15 јули годинава го почнува својот проект „ДИЈАЛОГ СО ГРАЃАНИТЕ“, кој ќе се одвива во 20 градови во Македонија.

Loading...

ДИЈАЛОГ СО ГРАЃАНИТЕ e првиот интерактивен граѓански проект на Има иднина, кој се иницира во услови на исклучителна поделеност на општеството, како и загубена довербата на граѓаните во институциите.

Има иднина смета дека оваа поделеност, која посебно се изрази во изминатиот период на тешка политичка криза во општеството, наметнува уште поголема потреба од дијалог во општеството, разговори, и размена на искуства и идеи меѓу граѓаните.

Целта на Проектот „Дијалог со граѓаните“, во неговата прва фаза, е низ креативни разговори да се дојде до иновативни идеи и решенија за излез на земјата од политичката криза во која се наоѓа. Дијалозите ќе бидат фокусирани и на потребата за нови системски решенија и трансформација на институциите на локално, регионално и национално ниво.

Проектот предвидува граѓаните директно да бидат вклучени во дијалогот, предлозите и решенијата за иднината на Македонија.

На тркалезните маси со учество на еминентни експерти, ќе се дискутираат актуелни теми какви што се економијата, вработувањето и развојот, безбедноста на државата, земјоделието, образованието, здравството и социјалната заштита и друго.

Првата серија од 20 Дијалози, ќе се реализира во јули, август и септември годинава, во повеќе градови, општини и населени места како: Охрид, Кичево, Тетово, Куманово, Гостивар, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Струга, како и во скопските општини Центар, Ѓорче Петров, Карпош, Бутел, Чаир, Гази Баба.

Предвидено е секој од дијалозите да трае околу 3 часа.

Loading...

На секоја од тркалезните маси се поканети да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

Јавноста ќе биде навремено известена за терминот и местото на одржување на секој од Дијалозите.

Како да го обезбедите вашето учество

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во Дијалозите на Има иднина треба да се јават на телефонот 3 111 999 или преку и-меил [email protected] и да го пријават своето учество.