Презентиран проектот на Фондацијата за култура и спорт (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Проектот за соработка во визуелните уметности за промовирање на регионален културен идентитет чиј носител е Фондацијата за култура и спорт Куманово, денеска беше и официјално промовиран на прес конференција.

Loading...

 

 

Станува збор за проект чија цел е промовирање на соработката меѓу регионалните актери во областа на одржливиот туризам, а се реализира во соработка со Народно читалиште „Димитар Благоев 1925“  во рамките на ИПА програмата.

– Целни групи на овој проект се културни и туристички чинители во Банско и Куманово кои би имале корист од резултатите од проектот и подобрената туристичка промоција, односно понуда, партнерски институции и други локални културни институции, локални самоуправи, претпријатија и институции поврзани со туризмот, рече Марио Арангеловски, директор на Фондација за култура и спорт Куманово.

 

Loading...

 

Во рамките на проектот како што истакна Арангеловски ќе се одржат неколку активности, а воедно преку истиот ќе биде извршена и набавка на аудио и видео опрема за Фондацијата за култура и спорт и ќе се изработи и документарен филм.

 

 

На крајот на денешната прес конференција преку интернет врска на настанот се приклучија и претставници на бугарските институции кои се дел од проектот.

Никола Ивановски