Претставниците на Трамп размислуваат да ги затворат конзулатите ширум светот поради трошоци

Сподели со своите пријатели

Официјални лица во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислуваат да затворат неколку американски конзулати и дипломатски претставништва ширум светот за да ги намалат трошоците во Стејт департментот, објави NBC News.

Конзулатите во Европа, Канада, Мексико и Пацифичките острови се меѓу оние што би можеле да бидат затворени.

Официјални лица потврдија дека Трамп ја разгледал листата на конзулати, но дека сè уште не е донесена конечна одлука и не е поставена временска рамка за какви било потенцијални затворања.

Се разгледуваат и дополнителни владини активности кои би можеле да се спроведат во овие мисии, како што се воени контакти со други земји и собирање разузнавачки информации, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп предложи „Трампова дивиденда“: 5.000 долари за возрасни Американци ако републиканците победат на изборите

Најголем број конзулати кои би можеле да бидат затворени се во Германија и Франција, соопштија официјални лица.

Стејт департментот побарал информации од конзулатите за нивното работење.