Претседателот на Виетнам поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Виетнам Во Ван Туонг денеска поднесе оставка по нешто повеќе од една година на таа функција.

Loading...

Ова го објави владејачката Комунистичка партија, со што Во Ван Туонг стана последниот висок функционер кој ја напушти функцијата во услови на интензивна антикорупциска кампања.

Централниот комитет на партијата ја одобри неговата оставка, пишувајќи во соопштение дека „престапите на Во Ван Туонг оставија лоша трага врз угледот на Комунистичката партија“.

Туонг стана претседател во март 2023 година, два месеци откако неговиот претходник Нгуен Ксуан Пук поднесе оставка за да преземе „политичка одговорност“ за корупциски скандали за време на пандемијата.

Туонг (54) беше најмладиот претседател откако Виетнам излезе од војна во средината на 1970-тите.

Позицијата претседател во Виетнам е главно церемонијална и официјално е само трета позиција во политичката хиерархија.