Претседателот на Узбекистан распиша предвремени претседателски избори

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијаев, во понеделник распиша предвремени претседателски избори со цел да ја добие поддршката од граѓаните за спроведување на реформите.

Loading...

Руската новинска агенција РИА јавува дека изборите ќе се одржат на 9 јули.

На референдумот на 30 април, узбекистанските гласачи го одобрија пакетот уставни амандмани кои му дозволуваат на Мирзијаев да се кандидира за уште два мандати, кои беа продолжени од пет години на седум.

Тој не прецизираше кога ќе се одржат изборите

Шавкат Мирзијаев (65) рече дека смета дека е потребен нов мандат за да се спроведат понатамошни реформи и покрај тоа што има отслужено помалку од две години од сегашниот мандат.

„Во сегашната ситуација, кога во светот и во нашиот регион преовладуваат тешки и сложени процеси, наоѓањето на вистинскиот и ефективен начин на развој и негово спроведување стануваат најважно и итно прашање“, рече тој.

Тој не кажа кога ќе се одржат изборите, но узбекистанскиот закон налага тие да бидат објавени најмалку два месеци однапред.

Во земјата нема силни опозициски лидери кои би можеле да му конкурираат.

Узбекистан има 35 милиони луѓе.

Loading...

Шавкат Мирзијаев е пофален дома и во странство за либерализацијата на поранешната советска република и отворањето на економијата кон светската трговија и странските инвестиции.