Претседателот на Јужна Кореја негира дека односите со САД се нарушени

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул денеска изјави дека не се точни информациите во медиумите дека се нарушени односите на Сеул со САД, откако тој пцуеше за време на неговата посета на Њујорк минатата недела.

Loading...

Џун опцу откако накратко разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден во Њујорк во средата, каде што присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации.

Опозицијата го обвинува Јун дека го навредил Бајден и ја засрамил Јужна Кореја, бидејќи локалните медиуми првично објавија дека јужнокорејскиот претседател рекол дека Бајден ќе биде засрамен доколку Конгресот не усвои предлог-закон за финансирање на глобалната иницијатива.

Низа гафови и контроверзи ја засени првата голема турнеја на Јун во странство, која вклучуваше посети на Британија и Канада, што доведе до сериозно опаѓање на рејтингот на неговото одобрување и остри критики, дури и од неговата сопствена партија, објави Ројтерс.

Почнаа поморските вежби на САД и Јужна Кореја

Американски и јужнокорејски воени бродови денеска почнаа со вежби на источниот брег на Корејскиот полуостров, во првите такви маневри по пет години, еден ден откако Северна Кореја истрела балистичка ракета како можен одговор на вежбата, пренесува АП.

Во вежбите учествуваат повеќе од 20 американски и јужнокорејски воени бродови, меѓу кои и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Роналд Реган, американски и јужнокорејски крстосувачи и американски разурнувачи.

Целта на четиридневните вежби е да се демонстрира решителноста на двете земји да одговорат на провокациите на Северна Кореја.

Ова се први заеднички вежби меѓу Вашингтон и Сеул од 2017 година, кога Америка испрати три носачи на авиони, вклучувајќи го и Роналд Реган, како одговор на нуклеарните и ракетни тестови на Пјонгјанг.

Loading...

Северна Кореја може да лансира повеќе балистички ракети во наредните денови, бидејќи ги гледа вежбите на САД и Јужна Кореја како закана.

Северна Кореја од почетокот на годината изврши невообичаено голем број ракетни тестови, а овој месец усвои закон кој дозволува употреба на нуклеарно оружје во одредени ситуации.