Претседателот на Иран нареди што поскоро да се решат случаите на труење на ученички

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси издаде наредба што поскоро да се решат случаите на труење на ученички ширум земјата, нагласувајќи дека новиот непријателски заговор е „нехумано злосторство“.

Loading...

Говорејќи на состанок на државниот самит, иранскиот претседател се осврна на извештајот на министерот за разузнавање и истражување за труењето на голем број ученички во различни ирански градови, пренесе ИРНА.

„Ова е нов заговор на непријателот кој има за цел да ги заплаши учениците, нашите драги деца, како и нивните родители и тоа е многу нехумано злосторство“, рече Раиси.

Потенцира дека е потребно да се туркаат работите до крај и точно и навреме да се објавуваат вести, а потоа им порача на надлежните институции да им ги олеснат грижите на луѓето во државата.

„Овој потег е само уште еден во низата непријателски заговори чија цел е да се создаде тензија во иранското општество, да се вознемири јавното мислење и да се заплашат младите во нашата земја. Ова мора да се открие и сериозно да се справи“, додаде Раиси.

Случаите на масовно труење на ученички во училиштата во Иран од 30 ноември 2022 година се повеќе го привлекуваат вниманието на јавноста.

Повеќе од 1.000 ученички се отруени во изминатите 100 дена во неколку ирански провинции.

Последниот случај е забележан во градот Орумије, каде во интернат биле отруени неколку стотици ученички, се наведува во извештајот на агенцијата ИРНА, кој денеска го пренесе Анадолија.

Loading...

Според иранската новинска агенција, многу од 450-те ученички кои живеат во ученичкиот дом биле затруени со гас, чија содржина сѐ уште не е утврдена.

Вкупно 29 ученички се задржани на лекување во различни болници во градот, а останатите се на домашно лекување.

Јавниот обвинител на Техеран Али Салехи во четвртокот најави формирање на специјален оддел за следење на случајот, предупредувајќи дека сторителите ќе се соочат со тешки казни.