Претседателот на Финска: Украина има целосно право да го нападне Курск

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Финска, Александар Стуб, денеска изјави дека Украина има целосно право да изврши инвазија во областа Курск, бидејќи Русија редовно го бомбардира Киев и окупира големи области на таа земја.

Loading...

„Не гледаме причина за ограничување на активностите на Украинците“, рече Стуб на прес-конференција, пренесува Yle.

Тој исто така рече дека Украина може да го користи оружјето што го снабдува Финска на руска територија.

„Немаме никакви ограничувања во однос на тоа каков вид оружје и на кој начин Украина може да го користи. Почетната точка за сè е тоа што Украина има целосно право да се брани во рамките на меѓународното право“, рече финскиот претседател, според до Танјуг.