„Претседателе, тој е Русин“: Реакцијата на Бајден кога ги допираше бицепсите на камерманот е хит

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден ги насмеа новинарите додека шеташе со својот француски колега Емануел Макрон за време на самитот на Г-20 на Бали.

Loading...

Имено, Бајден ги коментираше мускулите на еден снимател.

Иако на видеото кое стана вирално не се гледа камерманот, американскиот претседател го коментираше неговиот бицепс.

„Овој човек има големи мускули. Се надевам дека сме на иста страна“, рече Џо Бајден.

На таа потврда добил одговор дека снимачот е Русин.

„Не ми е гајле кој е. Тој има навистина големи бицепси. Ги нарекуваме пиштоли“, рече Бајден, конечно допирајќи ги мускулите на камерманот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ќе го номинира гувернерот на Северна Дакота за секретар за внатрешни работи

 

Loading...