Претпладне сонце – попладне повторно дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Четврток во метеоролошка смисла ќе биде постабилен ден за разлика од среда. Претпладне сончево ќе биде низ целата земја, додека попладне услови за краткотрајна локална нестабилност ќе има околу околу планините во источниот, како и во крајниот западен дел од земјата. Мала веројатност за нестабилно време ќе има и во околината на поширокиот скопски регион.

Loading...

Утрото ќе биде релативно топло, а минималната температура во поголем дел од низините ќе има вредност од 13 до 16 целзиусови степени.

Денот ќе биде умерено топол, а максималната температура ќе има вредности од 29°С до 32°С во котлините од источното и вардарското подрачје.

Максимална околу 27°С се очекува во југозападниот регион.

Во деновите од викендот се очекува вистинско летно време. Иако не станува збор на топлотен бран од рекордни размери, сепак ќе почуствуваме умерени „летни горештини“.