Денес се очекува релативно сончево претпладне со умерена облачност претпладне.
Loading...
Попладне се очекува развој на нестабилна облачност која околу пладне, попладне и рано навечер ќе донесе нови, локални врнежи од дожд, дел проследени со грмежи.
Оваа облачност се` очекува да се развива пред се низ местата околу планинските масиви низ земјава. Можност за дожд низ низините повеќе има во северната половина од земјата.
Максималната температура денеска ќе достигне вредности од 29 до 32 целзиусови степени во поголем дел од населените места низ земјава.
УВ индекс 8.