Претпладне сонце – попладне дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Среда започнува со сончево утро, а таквото време ќе продолжи во текот на претпладнето и рано попладне. Доцна попладне продорот на студен воздух од север ќе донесе нова дестабилизација на атмосферата.

Loading...

Вo такви услови се очекува развој на нестабилна облачност прво во северните и западните делови од земјата, додека навечер нестабилна облачност ќе се развива и во јужниот, особено југоисточниот, регион. Оваа облачност ќе донесе релативно краткоотраен, локално поинтензивен дожд проследен со грмежи и ветер.

Денот ќе биде најтопол оваа недела.

Максималната дневна температура ќе достигне вредности околу 29°С во северниот и пелагонискиот регион и околу 31° во поширокото подрачје на јужниот тек на Вардар во земјава..