Град во кој живеат половина милион луѓе, од пред неколку дена може да се пофали со еден од најспектакулраните аеродроми на светот, како по својата големина, така и по дизајнот, капацитетите, но и цената.
Loading...
Импресивната градба подигната на местото на стариот аеродром кој претходно бил срушен е подигната за нешто помалку од три години, а во изградбата учествувале околу 12.000 работници. Цената на аеродромот „Saparmurat Turkmenbashi The Great“ изнесувала импозантни 2,35 милијарди долари. Се протегна на површина од 1.200 хекари, а главната зграда е изградена во форма на сокол во лет.
На подрачјето на аеродромот изградени с еуште 80 различни објекти, а аеродромот има и 46 терминали, контролна диспечеркс акула висока 72 метри, хотел за 60 лица и 27 ресторани. Аеродромот има бесплатен паркинг и тоа со 1.200 места.
Loading...
Замислен е како врска помеѓу Азија и Европа поради што и годишниот проток на патници е 14 милиони. Иако е во фунцкија само десетина дена, аеродромот веќе добил неколку меѓународни награди, како и признание за оргинално технолошко решение.
Интересно е тоа што аеродромот пронашол место и во Гинисовата книга на рекорди. Аеродромската таписерија од 750 квадрати официјално е и најголемата таква на светот.