Премиерот Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со шефовите на Владите од земјите од Западен Балкан, како и високи претставници на Влади од земјите на ЕУ и Обединетото Кралство, денеска присуствуваа на официјалното започнување на Самитот за Берлински процес. Пред почетокот на Самитот кој се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, премиерот Ковачевски беше пречекан од германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Loading...

Првиот Самит за Западен Балкан се одржа исто така во Берлин во 2014 година, а целта на годинешниот Самит е да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работата на црно е се поголем проблем во Германија: Државата поради тоа изгубила 615 милиони евра

Лидерите од Западен Балкан заедно со претставниците на Владите од земјите од ЕУ, Обединетото Кралство и претставници на Европската комисија ќе имаат можност да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.