Откако ноќеска пропадна уште една лидерска средба на која политичките раководители не најдоа решение за излез од кризата и не се постигна никаков договор, денеска опозицијата најави нови бомби.
Loading...
На социјалните мрежи може да се види дека опозицијата ќе продолжи да ги објавува снимените разговори во кои се покажува корумпираноста на дел од власта.
Со препознатливиот хаштаг, на својот Фејсбук профил, лидерот на опозицијата, Зоран Заев најави дека ќе продолжат да „пукаат бомбите“.
Што ќе имаме можност да слушнеме овој пат и кога засега нема информации.