Предлог за демилитаризирана зона меѓу Ерменија и Азербејџан

Сподели со своите пријатели

Ерменија предлага создавање на демилитаризирана зона околу Нагорно-Карабах и на границата со Азербејџан, изјави денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан на состанокот на владата.

Loading...

Пашинјан рече дека Ереван предлага демилитаризација на граничната зона од три километри меѓу Ерменија и Азербејџан и повлекување на војниците од границата на двете земји.

Тој предлог е валиден и до Азербејџан вчера беше доставена изменета верзија на тој нацрт, посочи Пашинјан, пренесе ТАСС.

Нагорно-Карабах прогласи независност во 1991 година и тогаш започна ерменско-азербејџанската војна, која траеше до 1994 година.

Во 1923 година, Советскиот Сојуз го анектираше регионот Нагорно-Карабах, каде мнозинското население беше Ерменија, кон автономната република Азербејџан.