ПРАШАЊЕ ЗА ПРИЕМЕН ИСПИТ НА ОКСФОРД: Која боја се овие шешири?

Сподели со своите пријатели

На приемниот испит за Универзитетот Оксфорд редовно се наоѓаат и неколку интересни загатки. Британскиот „Гардијан“ издвоил една од нив од приемниот испот по математика од пред неколку години.

Проблемот има пет дела, а ко сакате да се натпреварувате со оксфордците, мора да ги решите сите пет, вели АЛекс Белос, автор на книгата „Дали можеш да ги решиш моите проблеми?“.

Загатка која ќе ви го помати умот – ќе успеете ли да ја решите? (видео)

Loading...

Алис, Боб и Чарли секогаш ја зборуваат вистината. Седа еден зад друг, баш како што е илустрирано изнад. Во секое од наведените пет сценарија, нивниот татко на главите им става црвени или сини шешири.

Алис може да го види шеширот на Боб и Чарли, но не може да го види својот. Боб може да го види само на Чарши, а Чарли не може да види ниту еден од шеширите. Сите тројца се свесни за таквиот договор. Прашањата се следни.

1. Таткото ги става шеширите на главата на своите три деца и вели: Секој од вашит ешешири е црвен или син. Барен еден од вас има црвен шешир“. Алис потоа вели: „Јас ја знам бојата на својот шешир“. Која боја е шеширот на секој од нив тројцата?

Само 2% од луѓето на светот може да ја решат оваа загатка стара речиси 90 години

2. Таткото повторно ги става шеширите на главите на своите три деца и вели: „Секој од вашите шешири е црвен или син. Најмалку еден од вас има црвен шешир. Алис потоа вели: Јас не ја знам бојата на својот шешир“. Боб вели: Ниту јас не ја знам бојата на својот шешир“. Која боја е шеширот на Чарли.

3. Таткото повторно ги става новите шешири на главата на децата и вели: „Секој од вашите шешири е црвен или син. Најмалку еден од вас има црвен шешир, а најмалку еден има син шешир“. Алис вели: „Јас ја знам бојата на својот“. Боб потоа вели: „Мојот е црвен“. Која е бојата на шеширот на секој од нив?

4. Таткото повторно ги става новите шешири на главата на децата и вели: „Секој од вашите шешири е црвен или син. Најмалку еден од вас има црвен, а најмалку еден од вас има син шешир“. Алис вели: „Јас не ја знам бојата на својот шешир“. Боб вели: „Мојот е црвен“. Која боја е шеширот на Чарли?

Нова математичка загатка која го мачи светот (фото)

5. Таткото ги става шеширите: „Секој од вашите шешири е црвен или син. Двајца од вас кои седите еден до друг имате црвени шешири“. Алис вели: “Јас не ја знам бојата на својот шешир“. Која боја е шеширот на Чарли?

Решението погледнете го на следната страница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Pages: 1 2

Leave a Reply