Познатиот црвен авион повторно на продажба (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Авионот кој некогаш припаѓал на Елвис Присли, а кој бил паркиран на пистата во Ново Мексико скоро четири децении, повторно се продава.

Елвис, како што се наведува, самиот ја дизајнирал внатрешноста на авионот.

 

Loading...

Црвеното летало од 1962. година, нема мотор и неопходна е обнова на пилотската кабина, пренесува АП.

Сајтот за аукции „Ајрон планет“ објави дека авионот со седишта од црвен сомот и црвен тепих се враќа на пазарот, откако сегашниот сопственик го купил минатата година за 430.000 долари.

Leave a Reply