Познат чеченски блогер и критичар на Кадиров убиен во Шведска

Сподели со своите пријатели

Тумсо Абдурахманов, познат критичар на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, е убиен во Шведска, тврдат колегите на блогерот за рускиот сервис на Радио Слободна Европа.

Абдурахманов бил убиен во текот на ноќта меѓу 1 и 2 декември.

Шведските власти не соопштуваат ништо за тоа, освен дека немаат информации за тоа каде се наоѓа Абдурахманов.

Чеченскиот опозициски Телеграмски канал, 1ADAT, исто така, на 5 декември потврди дека Абурахманов е убиен и дека неговиот брат Мухамад Абдурахманов е под заштита на шведските безбедносни сили.

На социјалните мрежи на 1 декември се појави веста дека е убиен Абдурахманов (36), но не можеше да се потврди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија бомбардираше болница во Харков. 30.000 луѓе без електрична енергија

Чеченските опозициски групи известија дека не биле во можност да стапат во контакт со блогерот и дека неговите претставници рекле дека не биле во контакт со него или со неговиот брат.

Во јануари 2021 година, неколку руски државјани од Чеченија добија долги затворски казни во Шведска за обидот за атентат врз Абдурахманов во февруари 2020 година.

Еден од нив, Руслан Мамаев, сведочеше дека дејствувал во име на чеченските власти, кои му ветиле дека ќе му платат 50.000 евра.

Кадиров, кој е на власт во Чеченија од 2007 година, често е обвинет од руските и меѓународните групи за човекови права за кршење на човековите права преку киднапирања, тортура, вонсудски убиства и напади врз ЛГБТ заедницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија го обвини својот остар критичар дека насилно сака да ја преземе власта

Абдурахманов, популарен блогер на YouTube, кој остро го критикуваше Кадиров и неговата влада во Чеченија, ја напушти Русија во 2015 година. Тој доби политички азил во Шведска.