Пожар во дом за стари лица во Шпанија, најмалку десет жртви

Сподели со своите пријатели

Најмалку десет лица загинаа, а едно е тешко повредено во пожар во дом за стари лица во Шпанија.

Loading...

Пожарот избувнал утринава околу 5 часот во резиденција во Вилафранка де Ебро во близина на градот Сарагоса на север, пишува Daily Mail.

Во тоа време, во домот имало повеќе од 80 корисници, рекоа регионалните гувернери.

Домот „Jardines de Villafranca“ (Градини на Вилафранка) е пензионерски комплекс кој се состои од три згради на една голема парцела.

Пожарот е изгаснат, но причината се уште не е соопштена.

Пожарникарите, полицијата и екипите на итната помош сè уште се на терен.