Пожар на Тасос, 102 пожарникари го гаснат огнот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жителите на селото Кинира на островот Тасос, во северниот дел на Егејското Море, добија наредба да се евакуираат поради пожар што зафати борова шума на истокот од островот, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Loading...

Во четвртокот рано наутро жителите на Кинира добија порака да се евакуираат кон Лименас.

Пожарот избувнал во тешко пристапниот дел на планината во средата навечер, поради што е оневозможено летање на противпожарните авиони.

Во четвртокот рано наутро, Противпожарната служба ги засили своите сили, испраќајќи 102 пожарникари со 33 возила и пет екипи кои дејствуваат пеш, а мобилизирани се и војската и доброволците, пишува Катимерини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

Некои извештаи покажуваат дека двајца доброволни пожарникари биле повредени при пад на дрво и им била укажана помош во локалниот здравствен центар.

На почетокот на оваа недела во Тасос беше забранет пристапот до популарните плажи Порто Вати, Мермерната плажа и Рајот поради опасност од пожар.

Покрај плажите, ограничен е сообраќајот и на одредени шумски патишта, а туристите се советуваат да не одат во селата во внатрешноста на островот, како Теологос, Касавити, Кастро и Мариес.

Loading...