Повредени тинејџер и малолетничка од Куманово кои со возило излетале од патот

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишник и негова малолетна сопатничка од Куманово биле повредени откако со возило излетале кај надвозникот во село Проевце.

– Денеска (01.10.2024) во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај село Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската полиција лани извршила 330 контроли во угостителски објекти

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски