Повици биле упатени до полицијата неколку часа пред стампедото во Сеул

Сподели со своите пријатели

Транскриптите од 11 итни повици до полицијата пред стампедото на Ноќта на вештерките во Сеул, во кое загинаа повеќе од 150 луѓе, покажуваат дека случајните минувачи биле предупредени за опасноста неколку часа пред катастрофата.

Loading...

Според транскриптите објавени од полицијата, првиот повик бил упатен во 18 часот и 34 минути, додека последниот дошол во 22 часот и 11 минути, неколку минути пред луѓето да почнат да паѓаат меѓу себе во тесната улица.

Се проценува дека во саботата во областа Итаевон имало повеќе од 100.000 луѓе и само 137 полицајци, а полицијата дошла на местото дури по четвртиот повик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Транскриптите објавени од полицијата ги потврдуваат изјавите на сведоците кои за Ројтерс изјавиле дека виделе полиција како го насочува сообраќајот на главната улица, но речиси и да нема полицајци на споредните или пешачките улици кои биле преполни.

Високиот функционер на јужнокорејската полиција Јун Хи-Кеун денеска ја призна одговорноста на полицијата за пропустите што доведоа до смрт на повеќе од 150 луѓе за време на прославата на Ноќта на вештерките во Сеул, пренесува Танјуг.

На прес-конференција емитувана во живо од јужнокорејската државна телевизија, Кеун призна дека полицајците не реагирале соодветно на повиците кои предупредуваат за потенцијална несреќа.