Повеќе од половина од жителите на Гренланд го поддржуваат приклучувањето кон САД

Сподели со своите пријатели

Повеќе од половина Гренланд ја поддржуваат идејата за приклучување кон САД, покажа истражувањето спроведено од невладината организација Патриот Полинг.

Loading...

Вкупно 57,3 отсто од испитаниците ја поддржале идејата за приклучување кон САД, 37,4 отсто биле против, додека 5,3 отсто биле неопределени.

Истражувањето е спроведено од понеделник, 6 јануари до сабота, 11 јануари, а биле анкетирани вкупно 416 Гренландци.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во вторник, 7 јануари, дека Гренланд треба да им се придружи на Соединетите држави за да обезбеди национална безбедност и заштита од, како што рече, „кинеската и руската закана“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бијонсе донираше пари за жртвите од пожарот во Лос Анџелес

Гренланд е самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.