„Повеќе од 5.000 луѓе убиени во Мариупол“

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, процени дека во тој опколен град загинале повеќе од 5.000 луѓе, пренесуваат агенциите, наведувајќи дека во средата околу 1.000 луѓе успеале да го напуштат тој пристанишен град.

Loading...

Бојченко изјави дека повеќе од 90 отсто од градската инфраструктура е уништена во бомбардирањето на руските сили.

 

Претседателот на Полска: Русите сакаат да ја изгаснат украинската нација, тоа е геноцид

 

Агенциите јавуваат дека околу 1.000 луѓе успеале да се евакуираат од опколениот пристанишен град во средата.

Тие успеале да излезат од градот во колона автобуси и приватни возила, организирана од Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека неговата земја ќе продолжи да бара од Западот да воведе ембарго на нафта и гас за Русија по нејзината инвазија на Украина.

Loading...

 

Претседателот на Полска: Русите сакаат да ја изгаснат украинската нација, тоа е геноцид

 

Кулеба го повика НАТО да испрати повеќе авиони, системи за противвоздушна одбрана, ракети и воени возила во Украина.

„Ние ќе продолжиме да инсистираме на целосно ембарго на нафтата и гасот“, изјави Кулеба за новинарите на НАТО, зборувајќи со генералниот секретар Јенс Столтенберг.