Педесет и шест години денеска се навршуваат од катастрофалниот земјотре ској го погоди Скопје, а кој значително влијаел и врз животот на граѓаните на Куманово, како најблизок до метрополата.
Граѓаните на Куманово биле мобилизирани и на секаков можен начин им помагале на повредените.
Во продолжение ви пренесуваме две потресни сведочења на лица кои во 1963, таа јулска ноќ го преживеале потресот.
Камионот им го спасил животот
Возачот Јован илиќ трагичната ноќ се нашол во Скопје. Откако пропаднал напорот да пронајде соба за ноќевање легнал во камионот. Го разбудила подземна грмотевица. Веднаш сфатил дека е земјотрес. Го запалил моторот и со најголема брзина бегал кон една чистинка.
Во еден момент, како што раскажал Илиќ, видол дека пред камионот трча една жена со две деца. Се ибдел да сопре, но без резултати.
– Налетав на жената. Се обидов да сопирам, но без резултат. Налетав на жената. Во ист момент зградата кон која трчаше жената се урна. Тули, малтер и друг материјал паднаа врз камионот. Не знаев ништо за жената и децата. Кога излегов ги најдов под камионот живи и неповредени. Среќна случајност спаси три животи, раскажал тогаш Илиќ.
„Ми се кинеше срцето од болка“
Јулија Андонова, која тогаш имала 39 години, со стан на улицата „11 Октомври“ со своите две деца и мажот спиела. За подземниот татнеж помислила дека е некаква експлозија во градот. Немала време за спасување. Куќата се урнала како да е од картон. Сите биле затрупани, но мажот неповреден. Бргу излегол и започнал да ги спасува жената и децата. Тие викале за помош.
– Го слушав гласот на мојот седумгодишен син марјан, сета уплакана раскажувала Југлија. Беше до мене близу, молеше да го спасиме, а јас не можев да му помогнат. Ми се кинеше срцето од болка, од тгаша што не можам да и помогнам на својата рожба, раскажала таа.
Набргу била спасена. Спасен бил и марјан. Нејзинит втор син Небојша останал под урнатините. Останал вечно да сонува за сините очи на својата мајка и за ѕвонливиот глас на својот постар брат.
Извор: „Наш весник“ бр. 43 (01.08.1963 година)
Фото: Википедија