Потерница на Москва по шефот на украинското разузнавање

Сподели со своите пријатели

Руските власти вчера го додадоа името на шефот на Украинската воено разузнавачка служба (ГУР) Кирил Буданов (37) на списокот на барани од тамошното МВР.

Москва ја смета оваа тајна служба одговорна за неколку напади врз Русија.

Руските власти го обвинуваат за организирање напад во октомври 2022 година, кога делумно го уништи мостот што го поврзува Крим.

На крајот на ноември, Украина објави дека се сомнева дека Русија е одговорна за труењето со тешки метали на сопругата на Кирил Буданов, Маријана Буданов, која е и советник на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, пренесе АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Русија се појави чума? Почина работничка во специјална лабораторија, речиси 200 луѓе под надзор

Украинските сили вчера објавија дека пресретнале 41 беспилотно летало од 42 лансирани од Русија кон Украина прексиноќа.

Руската армија истрела ракети С-300 и кон јужните региони Херсон и Миколаев, се додава во соопштението, но деталите за последиците од овие напади не се соопштени, пренесува Бета.

Руските власти соопштија дека армијата неутрализирала девет украински беспилотни летала кои биле лансирани кон Москва.

Се наведува дека „девет украински беспилотни летала биле уништени или пресретнати“ над регионот Калушка, 160 километри од Москва.