Посвежо во петок со услови за локални врнежи

Сподели со своите пријатели

Помина најжешкото време во јули, а температурата не се приближи до апсолутните максимални вредности за овој месец.

Loading...

Петок ќе биде посвеж ден, особено во северната половина од земјата. Услови за локална нестабилност ќе има во повисоките делови на крајниот исток од земјава, а развој на купесто-дождовна овлачност ќе има и околу Шара, со можност истата да се префрли кон скопскиот регион. Ќе дува слаб до умерен, претежно северен ветер.

Максималната температура во севернот дел од земјава ќе има вредност околу 34°С, на југоисток околу 36°С, Пелагонија до 35°С, а Охрид и Преспа околу 33°С.

УВ индекс: 9