Вкупно 14 камери за видео надзор завчера биле поставени во Транзитно прифатниот центар Табанвоце, информираат од Регионалниот центар за урправување со кризи.
Од страна на екипите за дератизација, дезинфекција и дезинсексција при Центарот за јавно здравје – Куманово била извршена дезинфекција на 1.600 метри квадратни површина на вкупниот простор во и околу кампот.
Поделена била храна, облека и пијалоци за бегалците, додека екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ неолкукратно вршеле чистење на камповите.