Последно предупредување од Google: Наскоро почнуваат да бришат некои Gmail профили!

Сподели со своите пријатели

На почетокот на оваа година, Google објави нова политика за неактивни сметки која наскоро ќе стапи на сила, а како дел од тие нови правила, компанијата ќе започне да брише одредени профили.

Loading...

Како причина за бришењето се наведува безбедноста, а Google уште еднаш испрати предупредување до сите корисници на Gmail и Drive чии сметки се неактивни, дека се во опасност од трајно бришење.

Безбедносниот проблем со таквите сметки, кои поради некоја причина се напуштени и заборавени, односно оставени без надзор, е тоа што ги прави ранливи на разни хакерски напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во пресрет на Велигден: Како да сварите совршено јајце?

Ваквите сметки, доколку паднат во рацете на хакери и сајбер-криминалци, може да се користат за злонамерни активности, спам, кражба на идентитет и слично, објаснуваат од Google.

Нивните нови правила стапуваат на сила на првиот ден од декември, а потоа Google ќе почне да брише дел од неактивните сметки.

Сите сметки на гореспоменатите услуги на Google кои не биле користени најмалку две години се изложени на ризик.

За само три недели американскиот технолошки гигант ќе почне да ги затвора ваквите сметки, а Google посебно нагласува дека, откако тие сметки ќе бидат избришани, веќе нема да може да се повратат тие податоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инстаграм тргнува во борба против профили кои само копираат и објавуваат туѓи содржини

Неактивните сметки нема да исчезнат само преку ноќ и без знаење на луѓето кои ги отвориле.

Loading...

Имено, Google пред трајното бришење на корисниците ќе им испрати неколку предупредувања за судбината која им се заканува, а покрај мејловите што имаат намера да ги избришат, ќе праќаат предупредување и до сите други мејлови поврзани со тие сметки.

Со оглед на тоа што корисниците често ги користат податоците на Google за пристап до страници на трети страни, бришењето на сметката може да влијае и на пристапот до таквите страници.

Политиката за неактивна сметка не се однесува на одредени уреди поврзани со сметките, туку конкретно на самите сметки, а за уредите да се сметаат за активни, корисниците мора да вршат дејства со сметката на која било платформа на која се најавени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жените живеат подолго од мажите, но страдаат од долготрајни болести

Исто така, треба да се нагласи дека новите правила важат само за приватните сметки на Google и не важат за профилите поврзани со училишта, компании и други организации.

Има и некои исклучоци, така што Google нема да ги избрише неактивните сметки, доколку е објавено барем едно видео од тие сметки на YouTube, дури и ако периодот на неактивност на таквите сметки трае со години.