Португалскиот парламент даде „зелено светло“ за евтаназија

Сподели со своите пријатели

Португалскиот парламент ја легализираше евтаназијата за луѓето кои боледуваат од неизлечива болест и трпат неподносливи болки, објави лондонски „Тајмс“.

Loading...

Ова е четврти пат како парламентот одобрува евтаназија, но претседателот стави вето претходните три пати.

Дебатата за евтаназија ја подели претежно католичката земја и наиде на силно противење од претседателот Ребело де Соуза.

Според новиот закон, секој над 18 години ќе може да добие помош при умирање доколку трпи „продолжена“ и „неподнослива“ болка, под услов да е ментално способен да донесе таква одлука.

Само португалските државјани и регистрираните жители се опфатени со новиот закон, додека странците нема да можат да доаѓаат во Португалија и да бараат евтаназија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро размислува за повторно отворање на Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Парламентот одобри евтаназија четири од претходните три пати, но претседателот, кој е конзервативен и побожен католик, стави вето.

Законот беше усвоен со 129 гласови за и 81 против и еден воздржан. За разлика од претходните гласања, овојпат пратениците решија да го игнорираат политичкото вето на претседателот, оценувајќи дека за евтаназијата долго се расправало и дека законот е изменет.

„Дојде време да се почитува гласот на мнозинството во парламентот“, изјави пратеничката Изабел Мореира.

Loading...

Претседателот сега има една недела да го потпише новиот закон, кој би можел да стапи на сила до есен.

Евтаназијата е легална во неколку земји, вклучувајќи ги Шпанија и земјите од Бенелукс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес донесе закон што може да доведе до крај на ТикТок