Португалија денеска одлучува за легализација на евтаназијата

Сподели со своите пријатели

Пратениците во португалскиот парламент денеска ќе гласаат за нацрт-законот со кој ќе се дозволи медицински потпомогнато самоубиство во одредени околности, откако конечната верзија на законот беше одобрена на комисијата во средата.

Loading...

За возрасните, евтаназијата ќе биде дозволена само доколку желбата е „непосредна и повторена, сериозна, слободна и информирана“, а лицето е „во ситуација на страдање со голем интензитет, со дефинитивна повреда од екстремна тежина или сериозна и неизлечива болест“.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека приближно половина од гласачите во оваа претежно католичка земја го поддржуваат легализацијата на медицински потпомогнатото самоубиство, додека Црквата силно се противи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  90 повредени во експлозија во џамија во Пакистан

Социјалдемократската партија (ПСД) побара прекин на законодавниот процес и референдум, но тој предлог беше отфрлен.

Предлозите да се дозволи медицински потпомогнато самоубиство во Португалија за прв пат беа одобрени во 2020 година, што поттикна покриеност на меѓународните медиуми за тоа како Португалија требаше да стане само четвртата европска земја што ќе дозволи евтаназија.

Сепак, конзервативниот претседател на Португалија, Марсело Ребело де Соуса, ја доведе во прашање законитоста на делови од законот, испраќајќи го до Уставниот суд.

Евтаназијата е целосно легална во три европски земји

Уставниот суд ја потврди исправноста на неговите приговори поради непрецизноста на законскиот текст, па парламентот потоа го преформулираше предлог-законот за да ги усогласи приговорите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 загинати во две сообраќајки во Нигерија

Кога во ноември минатата година му беше испратена новата верзија на законот до претседателот, тој повторно ја блокираше, користејќи го своето „политичко вето“ и тврдејќи дека клаузулите што ги опишуваат смртно болните се контрадикторни.

Loading...

Процесот дополнително беше стопиран бидејќи претседателот по ветото го распушти парламентот и распиша предвремени општи избори.

Ова значеше дека законодавниот процес за евтаназија ќе мора да започне одново.

На предвремените избори мнозинството го освои социјалистот Антонио Коста, јавува Би-Би-Си.

Со оглед на тоа што новата влада силно го поддржува принципот на медицински потпомогнато самоубиство, наскоро започна работата на новиот закон.

Новиот закон е многу сличен на претходниот, иако се додадени услови за минимум два месеци од поднесувањето на барањето и психолошка проценка на лицето што ја поднесува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија: Термоелектраните на јаглен не престануваат со производство до 2030 година

Бидејќи реформата ја поддржуваат многу опозициски политичари, таа треба лесно да помине.

Теоретски, бидејќи се работи за нов предлог-закон, претседателот би можел повторно да го искористи правото на вето, но тоа се смета за малку веројатно.

Евтаназијата е целосно легална во три европски земји: Белгија, Луксембург и Холандија.

Loading...