Поранешниот шеф на кабинетот на Нетанјаху осуден за измама

Сподели со своите пријатели

Поранешниот помошник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој беше државен сведок на неговото судење, Ари Хароу, беше осуден за измама и нарушување на довербата.

Loading...

Тој ги призна обвиненијата против него и ќе биде осуден на шест месеци општокорисна работа и парична казна од 700.000 NIS (околу 175.500 евра), пишува The Times of Israel.

Хароу е обвинет дека земал средства од консултантска компанија што требало да ја продаде во 2014 година, кога станал шеф на кабинетот на Нетанјаху.

Како дел од договорот, Хароу се согласи да обезбеди информации за таканаречените Случаи 1000 и 2000, во кои израелскиот премиер Нетанјаху е обвинет за примање нелегални подароци од добротворни милијардери и дека преговарал со издавачот на „Једиот Ахронот“ Арнон Мозес.