Поранешен пилот на ЦИА: „Со летало пристигнавме на Месечината, таму живеат 250 милиони луѓе“!

Сподели со своите пријатели

Освојувањето на Марс и Месечината е тема број еден во научните кругови. Покрај Јапонија, Кина, Америка, Русија и ОАЕ, во вселенската трка се вклучени и милијардерите Елон Маск и Џеф Безос.

Loading...

Додека чекаме НАСА да ја започне мисијата Артемис и да испрати човек на Месечината по 50 години, да се потсетиме на една (неверојатна) приказна од 2017 година.

Поранешен мајор тврди дека вонземјанин е убиен во близина на американска воена база

Таа не спаѓа во научниот домен, но секако одекна во светот, пред сè меѓу теоретичарите на заговор.

„Сè што сте слушнале за Месечината е лага“, откри тогаш поранешниот пилот на ЦИА, Џон Лир, тврдејќи дека има фотографии на кои се гледаат скриени структури на нејзината површина.

И изјавата дека има 250 милиони жители на Месечината беше особено шокантна.

Тој не може да го докаже тоа!

Потрошил куп пари за да личи на вонземјанин, вели дека е само на 16 отсто (ФОТО)

Loading...

Големиот Никола Тесла е вклучен во целата приказна! Лир објасни дека луѓето во 40-тите и 50-тите години на минатиот век го користеле антигравитационото летало на научникот за да стигнат до сателитот на Земјата.

– Не можам да го докажам тоа, бидејќи веќе би бил мртов. Но, тоа е логично, бидејќи за што друго американската влада може да впумпа толку милијарди долари – рече поранешниот пилот на локалната разузнавачка агенција.

Лир не е класичен ентузијаст и теоретичар на заговор, кој своите тврдења ги темели на секојдневното гуглање. Тој има многу интересна биографија и стекнал искуство во мисии во Азија, Африка, Источна Европа и Блискиот исток.

Вонземјаните можеле да ја посетат земјата кога луѓето на неа воопшто и не постоеле?

Тој се пензионирал со чин капетан, тврдејќи дека управувал со повеќе од 100 различни типови авиони во текот на неговата кариера. Ова, се разбира, не значи дека неговите тврдења се точни, но доволно е да се соберат бројни истомисленици.

„Сивите“ живеат во подземјето

Лир тврди дека Месечината е „создадена“ внатре во Јупитер, пред 40 милиони години. Сето ова, вели тој, објаснува од каде потекнуваат толку многу градови, цивилизации и бази.

Теоретичар на заговори тврди: Ова е доказ дека вонземјаните постојат (ВИДЕО)

Loading...

– Жителите на Месечината се вонземјани, кои наликуваат на луѓето. Под површината има и таканаречени сиви. Тие работат во огромни лаборатории. Но, тоа не е сè… Земјата е всушност казненичка планета или затвор, какви има најмалку милијарда – рече тој.

Слушнете го интервјуто на Лир подолу, а погледнете ги и неговите докази и проценете сами:

 

Leave a Reply